an image

Комнетцент е млада фирма, основана во 2013 година со мисија и цел за обезбедување на квалитетни ИТ услуги, со строга професионалност, посветеност и достапни цени за постигнување на високо ниво на задоволство кај корисниците.

Предности на Комнетцент се достапна цена, попуст за постојани клиенти и партнери, ефикасноста и брзината во извршување на работата и заштеда на времето на клиентите, беспрекорното работење со висококвалификуван кадар со развиени вештини и со понатамошно усовршување на вештините во однос на модерните технологии, сложени сервисни интервенции, добри перформанси на производите.

Обезбедуваме 24 часовна ИТ подршка, совети и консултации за справување со проблемите при користење на производите и дополнителни технички проверки, брзо одговарање на прашањата и проблемите, ги доставуваме производите директно до дома и гарантираме заштита на приватните податоци на клиентите.

Комнетцент постојано се гради, усовршува и воведува нови технологии во чекор со технолошките иновации и во однос на лични професионални вештини на вработените.